Некои вработени во Гласот на Америка испратени на платен одмор
Некои вработени во Гласот на Америка (VOA) се испратени на платено отсуство еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за затворање на шест федерални агенции финансирани од американската администрација, вклучително и Агенцијата за глобални медиуми (USAGM), која го вклучува и Гласот на Америка.
Препорачано
Неколку вработени во американската меѓународна медиумска куќа, која емитува програма на повеќе од 40 јазици, потврдија дека добиле е-пошта со известување дека се ставени на административно отсуство со целосна плата и бенефиции „до натамошно известување“, пренесува Ројтерс.
Во мејловите испратени од извршниот директор за човечки ресурси во Американската агенција за глобални медиуми, матичната агенција на Гласот на Америка, на вработените им беше наложено да не влегуваат во работните места или да пристапуваат до внатрешните системи, но засега не е познато колку вработени се ставени на одмор.
Трамп, кој во првиот мандат се судри со раководството на Гласот на Америка, ја избра поранешната водителка Кери Лејк за директор на овој медиум во неговиот втор мандат, пренесува Танјуг.


