Некои скопски градоначалници достапни за граѓаните само со закажување

Од Општина Ѓорче Петров апелирааат до граѓаните, своите средби со градоначалникот да ги закажуваат, се со цел да се избегне создавање на гужва во просториите на Општината а со тоа граѓаните непотребно да се изложуваат на можноста да се заразат со ковид-19.

Се со цел да се избегнат гужви, дел од скопските градоначалници апелираат до граѓаните кои сакаат да остварат средба со нив и на тој начин да побараат решавање на некои нивни проблеми или пак да дадат свои лични видувања, идеи и сугестии за подобрување на работата на општините, своето доаѓање да го најават на отворените телефонски броеви за таа намена.

-Директните средби со граѓаните на Општина Бутел се можност за директно соочување со локалните проблеми. Вторник е ден за мои лични средби со народот, заедно со општинските служби даваме се од себе за секој искажан проблем да добие решение. Општината е отворена, народот конечно има свој партнер и отворена врата. Телефонскиот број за закажување средби е 075/274-421 – информира градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

И од скопската општина Ѓорче Петров апелираат до граѓаните, своите средби со градоначалникот да ги закажуваат, се со цел да се избегне создавање на гужва во просториите на Општината, а со тоа граѓаните непотребно да се изложуваат на можноста да се заразат со ковид-19.

-Како што вети во предизборната кампања, приемен ден на градоначалникот на општина Ѓорче Петров е секој последен четврток во месецот. Но, поради зголемен интерес реализираме средби до 4 пати во текот на месецот, со цел да ги задоволиме барањата на граѓаните во повеќе сфери, најчесто урбанистички прашања, проблеми врзани со канализациона мрежа, уписи во градинка.. итн. Најчесто, се решаваат затекнати и заостанати проблеми од претходно – информираат од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму објаснуваат и дека, отворени денови има и во Секторот за урбанизам каде граѓаните се среќаваат со раководителот и тимот кој работи во таа област. Приемен ден во секторот за урбанизам е како што информираат оттаму, секој вторник од 9 до 14 часот.

-Жителите може да се обратат во урбанизам на телефон 20 33 471 и однапред да закажат средба. За средба со градоначалникот пак, граѓаните може однапред се пријавуваат на 20 44 411 – информираат од оваа скопска општина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот