Нејмар испиша историја, ПСЖ е новиот четвртфиналист во ЛШ! (ВИДЕО)

фото: твитер

Благодарение на головите на Нејмар и Бернат, француските фудбалски шампиони успеаја да ги елиминираат „милионерите“ од Дортмунд.

Се одигра нов реванш натпревар од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите, вечерва во Париз пред празните трибини на „Паркот на принцовите“, екипата на ПСЖ славеше со 2:0 против Борусија Дортмунд.

Да потсетиме, на првиот дуел во Германија играчите на швајцарскиот тренер Фавр триумфираа со 2:1.

Во 28. минута поведоа париските „светци“ со голот на Нејмар кој со глава ја испрати топката во мрежата на Бурки после изведениот корнер на Ди Марија. За Бразилецот ова е вкупно 400 погодок во својата кариера.

Непосредно пред паузата уште еден погодок за францускиот првак, Сарабиа го пронајде Бернат, а овој само доволно да го смени правецот до голот на бундеслигашот за поставување на конечниот епилог и пласман на ПСЖ во четвртфиналето на ЛШ.


Во самиот финиш од средбата кај гостите црвен картон доби Емре Џан што им ја отежна уште повеќе задачата на своите тимски колеги.

Претходно во вторникот први кои обезбедија настап во четвртфиналната фаза беа екипите на Лајпциг и Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот