Полиција/ Фејсбук

Неготинец тешко повреден при пад од мотоцикл

Неготинец на возраст од 51 година се здобил со тешки телесни повреди вчера наутро при обид со мотоцикл да заобиколи метален предмет што паднал од товарно возило, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Вчера во ОВР – Неготино е пријавено дека во 7:10 часот, на улица „Фемо Кулаков“, Д.Т., 51-годишен неготинец, управувајќи мопед со неготински регистарски таблици, паднал на коловозот откако се обидел да заобиколи метален предмет што паднал од товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Д.Ч. од Кавадарци, кое се движело по улицата, појаснија од СВР – Велес.

Повредениот бил пренесен во Општата болница – Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР – Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот