Негативни ефекти од депортацијата на Ѓоковиќ: Навивачите ги враќаат билетите за Австралија Опен

фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Депортирањето на Новак Ѓоковиќ од Австралија предизвика пад на интересот кај навивачите за првиот годинешен гран слем турнир кој уринава започна во Мелбурн.

Магазинот „Њузвик“ пишува дека се зголемува бројот на луѓето кои ги враќаат билетите за Австралија Опен и бараат рефундирање на средствата.

Истражувањето на англиската компанија „Search Intelligence“ покажа дека 25 отсто повеќе луѓе на Гугл ја пребаруваат можноста за рефундирање на средствата, отколку за купување на билети за Австралија Опен. Компанијата смета дека главна причина за падот на интересот кај навивачите е токму Новак Ѓоковиќ.

– Веста за неговото приведување и судењето направија хаос во јавноста. Најдобриот тенисер на светот пристигна во Мелбурн за да ја освои рекордната 21 гран слем титула, но законите австралиските закони на турнирот му донесоа многу контроверзи. Кога на Ѓоковиќ по втор пат му беше одземена визата, тоа доведе до голема поделба во јавноста, некои го поддржаа бидјеќи можеше да дојде до историски успех, а другите беа против него поради прекршувањето на мерките против коронавирусот – изјави портпаролот на „Search Intelligence“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот