Недостиг од презервативи поради пандемијата на коронавирусот

Најголемиот светски производител на презервативи, малезиската компанија „Karex Bhd”, предупреди за глобален недостиг на овој производ, откако блокадата поради новиот коронавирус го принуди да запре со производството.

Во последните десет дена компанијата нема произведено ниту еден презерватив во трите малезиски фабрики.

Тоа е веќе недостиг од 100 милиони кондоми кои обично се продаваат на меѓународно ниво со брендови како „Дурекс”, доставени до државни здравствени системи, како што е британскиот NHS, или дистрибуирани преку програми за помош, како што е Фондот за население на ОН.

– Ќе бидеме сведоци на широко распространет глобален недостиг на презервативи, што ќе биде застрашувачки. Тоа нема да трае само две недели или еден месец. Овој недостиг може да биде со месеци, изјави Го Миа Киат, извршен директор на компанијата.

Малезија е најпогодената земја во Југоисточна Азија, со 2.161 заразени лица и 26 смртни случаи од коронавирусот. Предвидено е блокадата во земјата да трае најмалку до 14 април.

Други големи земји, кои произведуваат презервативи, се Кина, каде новиот коронавирус передизвика затворање на фабрики, и Индија и Тајланд, кои неодамна соопштија за заразени случаи со Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот