Не сме роботи, ни треба повеќе слободно време- 40.000 ученици во Србија потпишаа петиција за 4 работни денови неделно

Ученици Фото: mia.mk

Со години се зборува дека учениците во Србија се преоптоварени со училишни задачи, а сега тие самите испратија повик до возрасните преку петиција, која ја потпишаа повеќе од 40.000 од нив- пишуваат српските медиуми. Децата бараат училишната недела да трае четири дена и да им се даде повеќе време за игра. Клиничкиот психолог и психотерапевт Горан Томин напоменува дека децата треба да се слушаат, бидејќи колку помалку ги слушаме, толку подрастично ќе биде нивното однесување.

Наставникот Борко Петровиќ, кој ја освои титулата најдобар предавач во светот, за N1 изјави дека петицијата значи дека ги потценуваме децата.
Тој додава дека на петицијата не треба да се гледа од аспект на тоа дали барањето за четиридневна работна недела е реално или не, туку како предупредување на деца кои викаат дека не им е добро.

„Петицијата е еден од начините да привлече внимание од децата, би ја сфатил многу сериозно. Како да не учиме од сопствените лекции од минатото. Како ништо да не учиме од тоа“, предупреди психологот.

Децата во коментарите на петицијата напишаа дека им треба повеќе време за други обврски, дека им треба еден ден да се релаксираат и два дена да се подготват за училиште, дел од нив се чувствуваат како да живеат на училиште, а дома само д аодат на гости. Тие споменуваат депресија и самоубиствени мисли.

Професорот по англиски признава дека децата се преоптоварени со училишните обврски и како пример ја наведува неговата ќерка која почнала прва година во средно училиште и морала да се откаже од сите воннаставни активности за да се посвети на наставата.

Тој додава дека за домашните задачи има по 15 или 20 задачи од математика, физика и хемија, како и дека се случува денеска да се работи на нов материјал, а утре професорот да ги тестира на тој материјал.

Томин објаснува дека е добро што се случила петицијата, бидејќи децата се организирале и кажале како се чувствуваат. Тој нагласува дека слободното време е важно бидејќи детето мора да игра.

„Апсолутно мора. Можеби не играме, но ако имаме слободно време, време за размислување да ги видиме настаните што се случиле денес… ако не успееме да го направиме тоа, едноставно се трупа и сме во постојан стрес и не можеме да размислиме за се што се случува. Децата го прават тоа додека си играат. Многу работи се случуваат таму. Ако воопшто нема такво нешто и се е во обврски, детето се губи себеси- рече Томин и додаде дека поддржува четиридневна работна недела.

Тој посочува дека во денешното општество децата ги преземаат функциите на возрасните и дека прашање е како тие сега ќе одговорат на оваа петиција.

„Тоа може да биде одговорот на надлежниот министер кој е психијатар и кој треба да се сензибилизира за овие работи. Да им се обрати на децата и да каже: „Ве слушнавме, ве разбираме, сакаме да видиме како сте, да ви помогнеме“, вели психологот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот