Не постои „случај Нејмар“: Бартомеу за Гризман, Меси, де Лихт…!

twitter.com/archysportcom1

Повод за ваквото обраќање беше промоцијата на новајлијата Френки де Јонг, и веднаш кружеа прашања за наредните потези на Бартомеу во летниот преоден рок.

Изминатиот период се шпекулираше можно враќање на Нејмар на „Камп Ноу“, а еве што вели првиот човек на каталонскиот гигант:

– Знаеме дека Нејмар сака да си оди од ПСЖ, и ние знаеме дека ПСЖ не сака да го пушти. Не постои „случај Нејмар“. Според мене, Дембеле е подобар од него. Помлад е, има уште да напредува, тој е вистинска иднина на клубот и за тоа ќе остане во Барселона – рече Бартомеу.

Наредна тема беше француската ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман:

– Преговараме со Атлетико. Заинтересирани сме за Гризман. Вчера имавме состанок со челниците на двата клуба. Не можам да кажам ништо повеќе околу тоа, бидејќи ситуацијата брзо се променува. Ништо не е готово, не е сигурно дали фудбалерот ќе се пресели во Барса – додаде Бартомеу.

Потоа фокусот беше насочен кон холандскиот талентиран играч Матијс де Лихт, но по се изгледа битката е „загубена“. Се говори дека де Лихт кој најверојатно ќе се пресели во Јувентус.

– Веќе долг период ви велам дека знам каде де Лихт ќе ја продолжи кариерата. Не можам тоа да откријам, бидејќи е се уште под договор со Ајакс и нема тоа да го направам од почит спрема двата клуба – додаде претседателот на Барса.

Се објави и шпекулација дека Лионел Меси му препорачал на клубот да го ангажира Лаутаро Мартинез:

– Ајде да завршиме и со тој „мит“. Меси никогаш не побарал да доведеме некој играч, ниту се мешал во политиката на клубот. Тој единствено сака да направиме тим способен за освојување трофеи. Ништо повеќе од тоа –

И на крајот легендарниот голман Виктор Валдез кој би имал функција во администрацијата на Барселона:

– Му реков дека е време да се врати дома, но тој тврди дека не е дојден правиот момент. Јас ќе се потрудам да го вратам – заврши Бартомеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот