Не постои сигурна употреба на пиротехника во стадионите!

ffm.mk

Во организација на УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија во Скопје се одржува првата регионална конференција за пиротехника. Денеска и утре на конференцијата во хотел „Хилтон“, присутни се вкупно 120. учесници, меѓу нив како предавачи интернационални експерти на темата кои ќе го пренесат своето знаење и искуство на присутните гости од нашата држава и Асоцијациите од регионот, Србија, Косово, Црна Гора и БиХ.

Важноста на овој настан за нас, но и за УЕФА ја потврди и срдечниот поздравен говор на Михаел Ван Праг, член на Извршниот комитет на УЕФА и претседател на Холандската фудбалска Асоцијација.

– Во име на УЕФА и нашиот претседател, Александар Чеферин изразувам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за заедничкото огранизирање на оваа важна конференција. Нашата одговорност е да се обидеме да најдеме правилен метод за соочување и справување со овие проблеми, бидејќи голема е загриженоста од зголемувањето на нивото на инциденти на фудбалските натпревари, а безбедноста на навивачите и љубителите на фудбалот секогаш е на прво место. Ние знаеме дека секоја држава или федерација на различен начин се справува со овие предизвици и драго ни е што денеска и утре ќе ги слушнеме и размениме методите кои во иднина можат да ни бидат од заедничка корист – рече високиот гостин на УЕФА, Михаел Ван Праг.

ffm.mk

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари средба со Ван Праг. Зборуваа и околу фудбалското пријателство меѓу двете држави и просторот за идна соработка.

– Ние како Фудбалска федерација на Македонија секогаш ја отвораме својата врата за нашите спортски пријатели, а Ван Праг секако е наш соработник и пријател. Разговаравме околу конференцијата која заеднички ја организираме и важноста околу безбедноста и интегритетот на фудбалот. Со Ван Праг споделивме искуства поврзани со младите национални репрезентации, фудбалските академии и женскиот фудбал и верувам дека имаме простор за поголема соработка во иднина. Оваа средба беше прв чекор кон таа насока. Му се заблагодарувам на г. Ван Праг за неговото присуство во Скопје и се радувам на продлабочувањето на добрите односи со УЕФА – се зборовите на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

ffm.mk

– Заедно со полицијата ги преземаме сите мерки за спречување на употребата на пиротехника, нотреба поголема вклученост и на федерациите, дисциплинските органи, клубовите, па дури и надлежните судови бидејќи се загрозува безбедноста на навивачите и учесниците. Треба да сфатиме дека не постои сигурна употреба на пиротехника внатре на стадионите.Јас сум убеден дека по завршувањето на оваа конференција, споделувањето на искуствата и предизвиците со кои се соочувате, ќе бидат од голема корист за сите и ќе имаме многу појасна слика за тоа каде да се насочиме и кој средства да ги употребиме во решавањето на одделни проблеми – вели во дел од својот говор генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот