Не испаѓаат Амиен и Тулуз, потврдено откажувањето на „Лига 1“

Нема сериозен сомнеж за законитоста на одлуката за откажување на првенството, се вели во пресудата…

Највисокиот административен суд во Франција ја потврди денеска одлуката за откажување на фудбалската сезона во таа земја поради пандемијата на коронавирус.

Нема сериозен сомнеж за законитоста на одлуката за откажување на првенството – се вели во пресудата.

Судот, од друга страна, ја суспендираше одлуката за испаѓање на Амиен и Тулуз од „Лига 1“.

Пресудата беше донесена откако двата клуба, заедно со Лион, се жалеа минатиот месец да ги принудат челниците да се играат преостанатите 10 кола од францускиот шампионат.

„Лига 1“ е откажана и ПСЖ е прогласен за шампион, додека Лион е надвор од местата кои водат во европските натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот