Не ги делам кадрите на стари и нови, ги предлагам според заслугите, порача Ковачевски

Фото: Принтскрин

Новоизбраниот претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, во изјава за медиумите пред почетокот на вечерашната седница на Централниот одбор на партијата, рече дека „не ги дели кадрите на стари и нови“ и дека функционерите ќе бидат избрани според нивните постигнувања.

„Кадрите не ги делам на стари и нови, туку на оние коишто придонеле повеќе или помалку за развојот на партијата. Во медиумите се појавија голем број на имиња коишто значат нешто во Социјалдемократскиот сојуз и коишто во минатото обавувале високи партиски и државни функции“, рече Ковачевски.

Јас ќе предложам Извршен одбор којшто, прво, ќе содржи 50 отсто жени и 50 отсто мажи, за да се запази родовата еднаквост за која се залага Социјалдемократскиот сојуз, 33 отсто ќе бидат млади, што е исто така статутарна одредба и ќе бидат застапени сите плански региони во државата, додаде новиот лидер на СДСМ, кој најави дека денеска ќе бидат назначени уште десетмина нови членови и на Централниот одбор на партијата.

Во јавноста деновиве беа спомнати можни нови членови на највисокото партиско тело на СДСМ – Извршниот одбор, а партијата, според пишувањата на медиумите, ќе има четворица потпретседатели, од кои тројца ќе бидат нови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот