Бисера Костадиновска Стојчевска и Нина Фити во игра за потпретседателки на СДСМ

Нина Фити и Бисера Костадиновска Стојчевска / фото: Слободен печат/колаж

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, која јавноста ја запамети по тоа што прва во скафандер гласаше во Собранието додека беше ковид-позитивна, како и Нина Фити, која е членка на Извршниот одбор на СДСМ, заедно со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и актуелниот потпретседател и вицепремиер Фатмир Битиќи, неофицијално ќе бидат новите потпретседатели на партијата, објави ТВ24 повикувајќи се на високи партиски извори.

Се очекува новиот лидер Димитар Ковачевски во понеделник да ги презентира предлозите за негови нови потпретседатели пред Централниот одбор.

Како што претходно беше објавено, Миле Зечевиќ ќе биде нов генерален секретар на СДСМ, Бојан Маричиќ секретар за меѓународна соработка, а за нов организациски секретар Зечевиќ мора да пресече меѓу двајца кандидати.

Ковачевски освен најтесното раководство ќе го избере и Извршниот одбор, во кој се очекуваат изненадувања. Според ТВ24, во новиот ИО ќе има место за дел од поранешните високи партсики функционери, но ќе останат и дел од актуелните.

Во среда, според најавите, претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Ковачевски. Паралелно со новото раководство, се прават и контурите на Владата. Според неофицијалните информации, доколку прифати, Нина Фити би можела да биде нова министерка за труд и социјална политика, додека за Стојчевска е неизвесно дали е во планот на Ковачевски за владиниот кабинет. Извесно е дека на Илинденска број 2 од раководството остануваат Битиќи и Бојан Маричиќ, но тој од Правда ротира во вицепремиер за евроинтеграции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот