Не е во ред да шпекулирам со имињата на идните министри, вели Костадин Костадинов

Костадин Костадинов / фото: МИА

Костадин Костадинов, член на ИО на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор во седиштето на партијата изјави дека не би било принципиелно да шпекулира со имињата предложени за членови на влада пред тие да бидат соопштени во телата и органите на партијата.

За својот став рече дека ќе го каже „јасно и гласно и на Извршниот и на Централниот одбор“, а со сигурност останува на ставот дека не е заинтересиран за владина функција.

Прашан од новинарите дали имињата кои се споменуваат се прифатливи за голем дел од членството, Костадинов нагласи дека нема да коментира ништо пред тоа да ги слушне официјално на ИО и на ЦО.

– Јас сум сигурен дека има капацитетност новото лидерство на партијата пред ИО и ЦО да го понуди најдоброто за партијата и за државата во моментов, изјави тој.

Одговарајќи на новинарско прашањекакви луѓе ѝ се потребни на оваа влада, Костадинов потенцира дека тоа се „луѓе кои ќе бидат посветени исто како што беа посветени и кадрите досега“.

На прашањето дали има консензус во партијата, посочи дека затоа се и на Извршниот и на Централниот одбор, за да го постигнат консензусот, нагласи, и да ги изнајдат најдобрите решенија за државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот