Не е вистина дека Аргентина ќе игра во Лигата на нации!

twitter.com

Објавата дека Аргентина е поканета да учествува на турнирите под покровителство на УЕФА и која беше предложена да стане членка на организацијата не одговара на реалноста, велат првите луѓе на европскиот фудбал.

– Никогаш не сме разговарале за ова прашање. Во знак на пријателство, УЕФА ќе го покани националниот тим на Аргентина да ги следи натпреварите под наше покровителство како специјален гостин – соопштија од европската куќа на фудбалот.

Така, гласините беа побиени дека аргентинската федерација добила предлог од УЕФА да игра во Лигата на нациите

Ваквите шпекулации дојдоа откако капитенот на тимот, Лионел Меси го обвини КОНМЕБОЛ за корупција.

Потсетување дека „гаучосите“ го освоија третото место годинава на јужноамериканското првенство „Копа Америка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот