„Не е игра, туку кариера“ – американската влада им нуди на гејмерите да станат контролори на аеродроми
Американскиот секретар Шон Дуфи објави промотивно видео во кое гејмерите се повикуваат да станат контролори на летање на аеродромите. Паролата на поставеното видео од секретарот гласи „Не е игра, туку кариера“.
Препорачано
Поради дефицит на кадар, Федералната администрација за авијација (ФАА) и Министерството за транспорт ја забрзуваат оваа иницијатива, па на 17 април ќе почне да се примаат апликации со цел да се ублажи недостигот на работници во воздухопловната индустрија, пренесува Си-ен-ен.
ФАА моментално има 11.000 активни контролори, со 4.000 обучувачи во процес, но ѝ се потребни уште илјадници за да биде целосно екипирана.
„За да допреме до следната генерација на контролори на летање, мора да се прилагодиме“, изјави министерот Шон Дафи.
„Оваа кампања со иновативен стил на комуникација и фокус на гејмингот се насочува кон растечка демографија на полнолетни млади кои поседуваат многу од клучните вештини потребни за успешен контролор“, дополни тој.
🚨👀 Watch this…
YOU can be the future of air traffic control
It’s not a GAME, its a CAREER
Applications open April 17th at Midnight @FAANews pic.twitter.com/JVpgCIeF58
— Secretary Sean Duffy (@SecDuffy) April 10, 2026
На веб-страницата за вработување, гејмерите се охрабруваат „да го подигнат нивото на кариерата“, што вклучува „барања за спроведување мисии“ и наведува технологии што се воведуваат како дел од напорите на одделот за модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај во 21 век.
„Го модернизираме небото. Најдобрите и најспособните контролори ги користат најнапредните технологии за контрола на воздушниот сообраќај во светот“, се наведува на веб-страницата.
Агенцијата има повеќегодишен план, со цел од воздушниот системот да се елимирира застарена технологија како дискови, бакарни жици и хартиени ленти за летови.
Веб-страницата ветува „награди за висок резултат“, вклучувајќи платени обуки, државни бенефиции и просечна годишна заработка над 155.000 долари по три години служба.
Според извештај на Канцеларијата за отчетност на владата, бројот на контролори на летање во САД се намалил за околу 6 отсто во последната деценија. Во изминатите години, недостигот бил поттикнат и од пандемијата на ковид-19, како и од повеќекратни затворања на владата и други неочекувани трендови на пазарот.
Извештајот, објавен кон крајот на минатата година, исто така утврди дека ФАА не е конзистентна во проценката на своите процеси за регрутирање, вработување и обука на контролори.
Сепак, ова не е прв пат ФАА да таргетира гејмери за овие позиции. Во 2021 година, агенцијата започна кампања „level up“ за да привлече играчи на видео игри и да ја промени работната сила.
Според Министерството за транспорт, околу 25 проценти од контролорите имаат традиционална факултетска диплома, а 65 отсто од Американците редовно играат видео игри. Агенцијата смета дека позитивните когнитивни влијанија, како брзо размислување, задржување фокус и управување со сложенени операции, добро се пренесуваат на интензивните задачи што контролорите треба да ги извршуваат.


