НБА: „Дабл-дабл“ на Јокиќ, Мајами дома не знае за пораз! (ВИДЕО)

twitter.com/ESPNStatsInfo

Во поразот на Денвер од Филаделфија (97:92) српскиот интернационалец Никола Јокиќ запиша уште една одлична партија со 15 поени, 11 асистенции и седум скокови.

Поефикасен од Србинот беше Вил Бартон со 26 поени (по седум скокови и асистенции), а на спротивната страна за Сиксерси Џоел Ембид имаше 22 поени, 10 скокови и шест асистенции.

На домашен терен одлична игра покажува Мајами кој дојде до 11. триумф пред своите навивачи, откако Атланта после едно продолжение беше совладана со 135:121.

Дури тројца играчи кај „жешките“ имаа 30 и повеќе поени. Кендрик Нан постигна 36, Данкан Робинсон 34, а Бам Адебајо „трипл-дабл“ од 30 поени, и по 11 скокови и асистенции. За Хикси доминираа Де Андре Хантер (28 поени) и Треј Јанг (21 кош).

Портланд славеше убедливо со 115:87 против Њујорк најмногу благодарение на Демиан Лилард кој забележа 31 поен.

За Блејзерси ова е десетта победа на 25 одиграни средби оваа сезона, додека Никси имаат најлош биланс досега со само четири победи и дури 20 порази.

НБА, резултати –

Шарлот – Вашингтон 114:107
Мајами – Атланта 135:121, 117:117 (по 1 прод.)
Филаделфија – Денвер 97:92
Портланд-Њујорк 115:87

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Лос Анџелес Лејкерс 21-3
2.Лос Анџелес Клиперс 18-7
3.Далас Маверикс 16-7

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Милвоки Бакс 21-3
2.Бостон Селтикс 17-5
3.Мајами Хит 18-6

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот