Навивач за влакно не беше прегазен од тркачки автомобил (ВИДЕО)

принтскин

Трките од Светскиот рели шампионат (ВРЦ) кои се одржаа викендов во Германија за малку не одзедоа човечки живот. Еден од фановите на ВРЦ рели викендот кој се одржа во Босталсе, Германија, се лизна и падна од фан зоната директно на патеката низ која поминуваа автомобилите.

За негова среќа, возачот на Цитроен, Мадс Остберг брзо реагираше и успеа да го избегне несреќниот навивач.

– Мислам дека бев само половина метар од него и тоа со брзина од 150 километри на час. Доколку навивачот паднеше на патеката само една секунда подоцна, немаше шанси да го избегнам и трагедијата ќе беше неизбежна – изјави Остберг за Аутоспорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот