Навистина е чудно што американските тенисери го напаѓаат Ѓоковиќ

EPA-EFE/DAVE HUNT

Францускиот тенисер Жил Симон кој е познат како човек без влакна на јазикот застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ.

Симон е еден од првите тенисери кои застаа во одбрана на Ѓоковиќ кој е мета на критики во медиумите поради организацијата на „Адриа тур“ турнирите во Белград и Задар, а од кои како позитивни на коронавирус „излегоа“ токму Ѓоковиќ и сопругата Јелена, неговиот кондициски тренер, неговиот тренер Горан Иванишевиќ, Григор Димитров, тренерот на Бугаринот, Виктор Троицки и Борна Чориќ.

– Новак е многу интелигентен, така што единствено самиот себе си се обвинува што се најде во оваа ситуација. Сепак, многу е тешко да се изјасните за последиците бидејќи се е политика. Од една страна ги имате оние кои воопшто нема да дадат значење на овие настани како УС Опен и Ролан Гарос бидејќи тие ќе го нападнат Ѓоковиќ со зборовите дека се е негова вина и дека тие подобро би го организирале тоа. Така ќе зборуваат бидејќи не им одговара некој да им ги помрси сметките пред нивните турнири.

Потоа ќе се најде група луѓе кои едвај дочекаа да „ослаби“ Ѓоковиќ бидејќи има важно место во тенисот. Сега им даде можност да го „истепаат“ во медиумите со секакви обвинувања и тие нема да ја пропуштат таа шанса. Да станува збор за некој друг тенисер, сигурно е дека немаше да го има два дена по ред на насловната страница на „Лекип“. Не се сеќавам кога тие посветиле насловни страници на тенисот. Тоа не е случајно – вели Симон за „тенисворлд“.

Францускиот тенисер исто така не пропушти да ги критикува нискорангираните тенисери, пред се тие од САД и во прв ред Ноа Рубин, кои ја коментираа организацијата на „Адриа тур“ уште пред да бидат објавени позитивните случаи на коронавирус.

– Првиот бран на напади на Ѓоковиќ објаснува се. Од кога Ноа Рубин добива цела страница во весниците за да го обвинува и напаѓа Ѓоковиќ. Рубин не е чо9векој за кој ќе кажете: Апсолутно ми е потребно негово мислење. Значи кога Ноа Рубин ќе „распали“ со теледиригиран проектил, имате право да се запрашате од каде всушност сево ова доаѓа – вели Симон.

– Ноа Рубин му се налути на Ѓоковиќ бидејќи не бил присутен на состанокот на тенисерите преку Зум, но Новак помина 1.500 часа на телефон за да застане во одбрана на Рубин, а тој нема појма за тоа. Му замерува што не учествувал на завршната конфереција, додека Ѓоковиќ за истите теми разговараше со сите и тоа многу порано. Новак направи многу повеќе за Ноа Рубин од било кој друг, но тој одлучи да не го „сака“ бидејќи не бил присутен на состанокот на кој беше зборувано за сите претходни работи на кои Новак присуствуваше.

Некои не можат да сфатат дека тој нема потреба да заработи ниту еден цент до крајот на годината, исто како што не му значи доколку се зголемат наградните фондови во квалификациите за грен слем турнирите – но тој се бори за такви работи и поради тоа нервира многу луѓе. Ги нервира луѓето од тениската федерација на САД кои сакаат да се одржи УС Опен по секоја цена, но кога најдобриот тенисер ќе ви каже дека „нема да играме под тие услови“, тогаш нормално дека им смета Новак.
Навистина е чудно што американските тенисери го напаѓаат Новак Ѓоковиќ бидејќи рече дека не сака да игра кај нив во САД, бидејќи имате цела група на играчи кои велат „а, не, кај нас мора да се игра“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот