Навални отруен? Критичарот на Кремљ заврши во болница

Бизнисменот Алексеј Навални, кој е познат како гласен критичар на Кремљ, заврши на интензивна нега во болница во Омск, каде што се лекува заради сомнително труење, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш.

На Навални му се слошило додека бил на лет од Москва кон Томск, принудувајќи го авионот непланирано да слета во Омск, каде што бил пренесен со брза помош во болницата, објави Јармиш на Твитер, наведувајќи дека Навални е во несвест.

Жена во Русија гледа видео кое се шири на социјалните медиуми, а се гледа како Алексиј Навални е преземен од тимот на брзата помош по што беше пренесен во болница / 20 август 2020, Москва, Русија / Фото: /EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

– Претпоставуваме дека Алексеј бил отруен со нешто измешано во чајот. Тоа беше единственото нешто што пиеше наутро. Лекарите велат дека токсинот се апсорбира побрзо преку врела течност  – рече Јармиш.

Таа додаде дека пред една година, кога Навални бил во притвор, исто така тој бил отруен.

Во последниот твит Јармиш истакна дека докторите пред неколку часа потврдиле дека станува збор за труење, а сега одбивале да споделат какви било информации за јавноста. Како што пишува Јармуш, нивното молчење само потврдува дека Навални бил тенденциозно отруен. Таа исто така сподели твит од главниот уредник на телевизијата „Дожд“ во кој открива дека аеродромот „Томск“ нема да преземе ништо за да се разоткрие кој, кога и како го отрул Алексиј Навални.

Навални (44) е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин. Во јуни тој гласањето за уставните реформи го оцени како „пуч” и „кршење на уставот”. Реформите на Путин му овозможија да добие уште два мандата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот