Навални: ЕУ да не остане нема ако на било кој кандидат му се забрани учество на руските избори

Алексеј Навални
Алексеј Навални / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ја повика Европската унија да ги отфрли резултатите од руските парламентарни избори следната година ако на било кој кандидат му биде забрането учество и ја повика ЕУ да воведе санкции против олихаргите блиски до претседателот Владимир Путин.

Тој на членовите на Европскиот парламент им порача дека е важно Европа да не остане нема на условите во Русија, пренесува АП.

Тој изборите за долниот дом во рускиот парламент, кои би требале да се одржат во септември следната година, ги нарече „апсолутно клучен настан“ и дека е најважно тој и останатите опозиционери да можат да учествуваат на нив.

На Навални досега неколку пати му беше блокирано учество во изборите.

– Ако на сите им биде дозволено да учествуваат, би можеле и понатаму да зборуваме. Но, ако на некого тоа му е оневозможено, резултатите на такви избори не би можеле да бидат признати, рече Навални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот