Научниците ги открија здравствените придобивки од редовниот секс

Истражување објавено во магазинот Psychology Report покажува дека луѓето кои имаат секс најмалку еднаш месечно во организамот имаат зголемено ниво на одредени антитела, што е од големо значење за имунолошкиот систем.

Сексот позитивно влијае на општото здравје и има многу предности за менталното здравје. Го намалува чувството на болка, го подобрува имунитетот и позитивно влијае на целокупното здравје. Зошто е тоа така, што се случува во текот на сексот?

Науката го дава одговорот, во текот на сексот доаѓа до висока концентрација на ендорфин кој го олеснува чувството на болка. Сексот е многу здрав и за срцето, го намалува нивото на кортизол и им помага на луѓето да се опуштат и полесно да се соочат со стресни ситуации. Сексот го намалува ризикот од рак на простата и крвен притисок.

Во студијата учествувале 3.000 Американци на возраст од 57 до 85 години.

Со оглед на тоа што сексот е еден вид вежбање, нормално е после да чувствувате умор. Со ослободувањето на окситоцин се добива чувство на поспаност, а оргазмот ќе го подобри сонот. Сексот исто така ја подобрува и работата на мозокот и влијае на меморијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот