Научниците потврдија: Симптоми што се појавуваат ден пред срцевиот удар

Фото: Профимедиа

Новото истражување открива дека 50 отсто од срцевите пациенти имаат еден симптом ден пред срцевиот удар.

Според новата студија, околу половина од пациентите кои доживеале ненадеен срцев застој, исто така, може да доживеат значаен симптом 24 часа пред да ја загубат функцијата на срцето.

Истражувањето може да ги одведе луѓето чекор поблиску до ненадеен срцев удар пред тоа да се случи.

Според научниците од Институтот Смит Харт во Центарот Седарс-Синај во Лос Анџелес, кај жените и мажите често се појавува предупредувачки знак за претстојната, а понекогаш и фатална здравствена криза, пишува „Индепендент“.

Жените главно чувствуваат отежнато дишење, додека мажите чувствуваат болка во градите, тврдат истражувачите, кои своите откритија ги објавија во списанието „Лансет дигитал хелт“ (The Lancet Digital Health). Други, поретки предупредувачки знаци што ги чувствуваат двата пола, вклучуваат напади и абнормално потење.

„Ова сознание може да доведе до рана интервенција и превенција од смрт. Нашето откритие може да доведе до нова парадигма за спречување ненадејна срцева смрт“, рекол водечкиот автор на студијата Самет Чунг.

За истражувањето се користени податоци од две студии за срцеви застои во Калифорнија и во Орегон, во кои биле вклучени пациенти на возраст од 18 до 65 години. Истражувачите, исто така, испитувале луѓе што имале слични симптоми, но не доживеале срцев удар.

„Пациентите што ќе забележат предупредувачки знак и ќе повикаат Брза помош пред да колабираат поради ненадеен срцев удар, имаат пет пати поголеми шанси да преживеат“, порачале научниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот