Научниците открија како се развива зависноста од никотин и како да се излекува

Фото: Pexels/cottonbro studio

Сега откако научниците открија како мозокот ја развива зависноста од никотин, ќе биде многу полесно да се најде лекот за откажување од пушење цигари, пишува британски „Телеграф“.

Пушењето е најчестата причина за појава рак во Велика Британија – оваа нездрава навика е причина за повеќе од една четвртина од сите смртни случаи од рак во оваа држава.

Научниците од Универзитет Кембриџ проучувале снимки на мозок на повеќе од 800 луѓе, направени кога имале 14, 19 и 24 години, и го анализирале влијанието на пушењето врз нивниот мозок.

Тие откриле дека пушачите имаат поголема веројатност да имаат помал фронтален лобус, наречен лев вентромедијален префронтален кортекс. Овој дел од мозокот е поврзан со кршење на правилата и студијата сугерира дека луѓето со природно помал лобус веројатно се посклони да ги кршат правилата, односно да почнат со пушење цигари.

Сепак, податоците покажуваат дека и десната страна на истиот дел на мозокот е, исто така, погодена од пушењето. Овој дел е вклучен во контролирање на волјата и предизвикување чувства на задоволство, а снимките откриваат дека тоа се намалува кај пушачите.

„(Кај потенцијалните пушачи) имаше намалување на волуменот на сивата материја на мозокот во левиот вентромедијален префронтален кортекс, што предизвикува импулсивно однесување и прекршување правила, што доведува до започнување на пушењето цигари“, вели акторката на студијата, професорката Барбара Сахакијан од Универзитетот Кембриџ.

„Пушењето цигари доведува до намалување на волуменот на сивата материја на мозокот во десниот вентромедијален префронтален кортекс, што е поврзано со барање сензации и пријатни искуства, кои го засилуваат и одржуваат идното пушење цигари. Ова на крајот води до зависност“.

Студијата, објавена во „Нејчр комјуникејшнс“, ги разгледа сите промени во мозокот што се случиле откако луѓето почнале да пушат и откриле дека никотинот е поврзан со значителни промени.

Зависност од електронски цигари

Иако ова истражување било фокусирано на пушењето цигари, научниците сметаат дека и електронските цигари ги предизвикуваат сличните промени во мозокот.

„Ефектот на никотин што го откривме со пушењето цигари може да се однесува и на електронските цигари. И е-цигарите и обичните цигари содржат никотин. Никотинот предизвикува голема зависност. Постои зголемена загриженост за адолесцентите и можноста да станат зависни од електронските цигари“, изјави професорката Сахакијан.

Научниците веруваат дека откриле „невролошки механизам“, кој го поткрепува начинот на кој луѓето почнуваат да пушат и што е тоа што им прави да им биде толку тешко да се откажат од цигарите.

Научниот тим вели дека сега ќе биде полесно да најдат начин како да ја излегуваат оваа зависност откако дознале како никотинот влијае врз мозокот.

Оттаму велат дека некои терапии, како што се психотропните лекови, би можеле да го спречат намалувањето на мозокот или да го одржат фронталниот лобус да работи нормално.

Друга опција за третман би било користењето технологија со која ќе се таргетира овој дел од мозокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот