Натпреварот во Виљареал имал и трето полувреме, во тунелот избегната тепачка помеѓу Чави и Емери

Барселона оствари две победи по ред во Ла Лига/ фото: EPA-EFE/Domenech Castello

Барселона за прв пат сезонава забележа две победи по ред во Ла Лига, вчера беше совладан Виљареал со 3:1, но наптреварот имаше и „трето полувреме“ и тоа во тунелот во кое учествувале тренерите на двете екипи.
Според шпанските медиуми, Чави Ернандез и Унаи Емере имале вербален дуел во тунелот на стадионот „Де ла Керамика“.

Тренерот на Барселона Чави смета дека неговиот колега Емери не го поднесе поразот спортски.
– Очекував Емери да му пружи рака, не го разбирам неговото однесување. На теренот се случуваат такви работи, но престануваат кога судијата ќе свири крај и тогаш искажуваме респект кон ривалот и се ракуваме. Не сакам да зборувам за судиите, тие имаат тежна работа. Не можам да тврдам дали беше пенал или не, за тоа постои ВАР. Имам респект кон судиите, еден ден ќе ве оштетат вас, а другиот вашиот противник – изјави Чави.

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери пак смета дека неговиот тим е оштетен за пенал бидејќи верува дека Жерар Пике играше со рака. Поради тоа, не сакаше да се ракува со Чави по крајот на натпреварот.
– Очекувам објаснување. Тој пенал, некој мора да објасни што се случи. Јасно е дека Пике играше со рака и мислам дека оваа ситуација не е добра бидејќи Барселона може да помисли дека има моќ над судиите – изјави Емери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот