Населбата Јака во Илинден го доби првото детско игралиште

Фото: Општина Илинден

Во населбата Јака во општина Илинден е пуштено во употреба првото детско игралиште. На игралиштето се поставени детски реквизити, нишалки и лизгалки, пристапна патека, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски го посети детското игралиште и истакна дека конечно и децата од населбата Јака добија место за игра и забава. Најмладите од овој дел на општината имаат ново катче каде можат да го поминуваат слободното време во игра и забава.

Од Општината наведуваат дека новото игралиште претставува континуитет на успешните проекти во Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот