ВИДЕО | Напад во шопинг центар во Сиднеј, има мртви, стотина евакуирани

Сиднеј напад Фото: Х

Во тек е голема полициска операција по извештаите за повеќе избодени луѓе во трговски центар во близина на плажата Бонди во Сиднеј. Стотици луѓе беа евакуирани од трговскиот центар Westfield Bondi Junction.

Ројтерс објави дека мажот бил застрелан. Сведокот рекол дека ја виделе жената како лежи на земја пред да се засолнат во златарницата.

Очевидци изјавиле дека меѓу жртвите на нападот со нож има мајка и бебе. Човекот со кој разговараше „9 News“, тврди дека муштериите се обиделе да и помогнат на мајката и нејзиното бебе кои биле избодени со нож. Тој додаде дека го држел бебето и заедно со другите се обиделе да ја компресираат раната. Канал 9 јавува дека деветмесечното бебе било однесено во болница. Сведокот нагласил дека мајката обилно крвари.

Толпа луѓе избегаа од трговскиот центар во Сиднеј. Локалните медиуми објавија дека во трговскиот центар се слушаат истрели. Полицијата соопшти дека операцијата е во тек, но не даде повеќе детали. Областа е евакуирана, а на социјалните мрежи има слики од амбулантни возила и полиција на местото на настанот. Инцидентот сè уште трае и од луѓето е побарано да ја избегнуваат областа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот