Наоми Осака го предаде мечот и се повлече од Австралија опен
Двократната шампионка на Австралија опен, Наоми Осака, се откажа од мечот во третото коло против австралиската квалификантка Медисон Инглиш поради повреда на левиот стомачен мускул.
Препорачано
– Морав да донесам тешка одлука да се повлечам за да се фокусирам на нешто на што моето тело треба да обрне внимание по последниот натпревар – стои во нејзината објава на социјалните мрежи.
За време на победата во второто коло над Сорана Кирстеа, Осака побара медицински тајм-аут и го доби мечот во три сета. На прес-конференцијата потоа, таа рече дека секој што ќе ја погледне нејзината историја на повреди ќе може да заклучи за што станува збор. Осака, четирикратната грен слем шампионка, која моментно е на 17 место во светот, се мачеше со повреда на стомакот во текот на целата 2025 година. На Отвореното првенство на Австралија пред 12 месеци, таа повреда ја принуди да го предаде мечот по првиот сет од третото коло против Белинда Бенчиќ.
Инглиш ќе игра во осминафиналето против втората носителка Ига Швјонтек од Полска која беше подобра од 31 носителка Ана Калинскаја со 6:1, 1:6 и 6:1.
Пласман во следната фаза обезбедија и Џ. Пегула, М. Киз, А. Анисимова, К. Ванг и Е. Мертенс.
Медведев со спектакуларен пресврт до осминафинале во Австралија


