Наоми Кембел има сериозен опсесивен проблем: „Не ми е гајле што мислите, тоа е за моето здравје“ (ВИДЕО)

профимедиа

Изгледа дека манекенката има проблем со вирусите и бактериите…

Наоми Кембл е една од најпознатите светски модели која го пропатувала целиот свет. Авионите навистина се нејзин втор дом. Манекенката и јавно покажа дека во нив се однесува како во својот дом.

Имено, таа веднаш штом ќе влезе во авионот и ќе седне на своето место, од торбата веднаш вади ракавици и марамици за чистење, и детално пребришува се околу себе, односно се што нејзиниото тело би можело да допре во текот на летот.

За ситуацијата да е уште побизарна, Наоми цел лет на устата носи заштитна марама за случајно да не ги вдише вирусите од другите луѓе.

„Тоа е она што јас го правам на секој лет. Не ми е грижа што мислат луѓето за мене. Тоа е моето здравје и јас така се чувствувам подобро“, кажа искрено Наоми.

Видео на денот