Намирници кои спречуваат рак на дигестивниот систем

Иако можеби и не постои можност ниту пак начин, ракот на цревата во потполност да се спречи, сепак, постојат студии во кои има огромен број докази кои покажуваат дека сепак, постојат намирници кои доколку редовно се јадат, можноста за појава на оваа болест можат да ја сведат на минимум

Светското здружение на гастроентеролози, секоја година се фокусира на некои болести кои влијаат на системот за варење.

За 2019 година, тоа беше гастроинтестиналниот карцином. Станува збор за тумори кои имаат моќ да го нападнат системот за варење на храната.

Со години наназад се мислеше дека ракот на цревата е болест со која се соочуваат само повозрасните граѓани, но неодамна бројните истражувања направени во Европа покажале дека оваа болест станува сè посмртоносна за помладата генерација, а на удар најмногу биле младите од 20 до 29 години.

Па така, иако можеби не постои начин за да се спречи појавата на ракот на органите за варење, сепак, постојат бројни студии кои сугерираат како и на кој начин луѓето, особено помладите да започнат да се хранат за да ја намалат можноста во нивниот организам да се создадат услови за појава на оваа смртоносна болест.

Кафеав ориз
Белиот ориз споредбено со кафеавиот е значително посиромашен со растителни влакна во својот состав. Токму затоа треба да се јаде исклучиво кафеав ориз кој многу помага во подобрувањето на работењето на цревата, го забрзува метаболизмот и обезбедува нормална столица.

Зеленчук
И кога станува збор за јадење зеленчук и тоа во поголеми количини, тоа е важно повторно поради големите количества на растителни влакна кои се наоѓаат во нивниот состав. Без редовно консумирање зеленчук, нашите црева не можат нормално да функционираат.

Суво и свежо овошје
Свежото овошје како што се јаболката и бананите, исто така важат за намирници кои во својот состав изобилуваат со растителни влакна, идентично како и сувото овошје како на пример сувото грозје или пак сувите сливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот