Наместо да прави свадба, ќе игра полуфинале на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут е последниот полуфиналист на Вимблдон кој утре ќе излезе на мегдан против Новак Ѓоковиќ. Интересно е што и самиот тенисер не веруваше дека ќе постигне ваков успех, да се најде во полуфиналето на Вимблдон заедно со големата тениска тројка, Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Имено, тој наместо да игра на централниот терен на Вимблдон, планираше да ја ожени долгогодишната љубов Ана Боди Тортоса.

Баутиста Агут уште во минатиот месец си испланира дека на 12 јули треба да прави ергенска забава на Ибица, и резервира неколку апартмани но поради неговиот успех, планот пропадна. Сепак, тој не ги заборава пријателите и на сите им плати авионски билети и сместување во хотел во Лондон за утре да го бодрат во полуфиналната пресметка со Ѓоковиќ.

Успехот на нејзиното момче го расипа планот и на Ана Боди Тортоса, која за утре планираше да оди во Мадрид и да го проба невестинскиот фустан.

– Доколку биде се во ред, свадбата ќе ја направиме во ноември – изјави Агут.
Според шпанските медиуми, тенисерот и Ана Боди Тортоса се во врска уште од тинејџерските денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот