Највкусниот десерт на Балканот: Еве како сами да си направите ТРИЛЕЧЕ!

Трилечето е омилениот десерт на многумина, а еве како да го приготвите сами вашиот колач од соништата…

Состојки:

– 6 јајца

– 100 г шеќер

– 200 г брашно

– половина ќесичка печиво

– 1 ванилин шеќер

За преливот:

– 400 мл слатка павлака

– 300 мл кондензирано млеко

– 800 мл обично млеко

За вториот прелив:

– 300 г крем од карамел

Приготвување:

Изматете ги белките, па постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. Кога ќе бидат добро изматени, додавајте ги жолчките една по една, измешајте, па внимателно додавајте брашно измешано со прашок за печиво. Кога додавате брашно, вклучете го миксерот на најмала брзина и само малку измешајте.

Сипете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете околу 20-25 минути на 180 степени. Оставете го пандишпанот да се олади малку, па извадете го од плех и со нож избодете го на повеќе места. Во плехот сипете слатка павлака, па на неа ставете го пандишпанот превртен наопаку – делот што бил горе, сега е долу.

Оставете го да отстои десетина минути, па потоа измешајте млеко и кондензирано млеко, па со нив прелејте го одозгора. Оставете го да отстои за убаво да го впие млекото, па премачкајте го со крем од карамел.

Добра оладете го и уживајте во превкусниот колач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот