Најубавите цитати на нобеловката Тони Морисон: Не молете никого за било што, особено не за љубов!

Фото: Профимедиа

„Сите умираме. Тоа е можеби смислата на животот. Но имаме јазик. Тоа е можеби мерката на нашите животи“, изјави во една прилика оваа славна писателка.

Американската писателка Тони Морисон, првата Афроамериканка која добила Нобелова награда за книжевност, почина на 6 август 2019 година на 88 годишна возраст. Таа напиша единаесет романи, од кои најпознати се „Најсините очи“ и „Сакана“. Нобеловата награда за книжевност ја доби во 1993 година.

Прочитајте дел од ризиницата на мудроста која зад себе ја остави Тони Морисон.

1. Јазикот не штити од застрашувачки работи без име. Јазикот е медитација.

2. Тоа што го сакате никогаш не можете да го изгубите.

3. Местото на кое можете да сакате било кого, каде не ви ви е потребна дозвола за страст, тоа е местото на слобода.

4. Не молете никого за било што, особено не за љубов.

Фото: Профимедиа

5. Секогаш го набљудував расизмот и расистичките навреди како нешто што е вредно за сожалување на тие луѓе. Никогаш не ме погоди. Секогаш тоа го сметав за дефект на таквите луѓе.

6. Не постои раса. Ниту една. Постои само човекова раса – научно, антрополошки. Расизмот е конструкт, социјален конструкт.

7. Расизмот ќе изчезне кога повеќе нема да биде профитабилен и психолошки употреблив. А кога ќе се случи тоа, тој засекогаш ќе исчезне. Но во моментов луѓето заработуваат многу пари на него.

8. Секој рај, секоја утопија е обликувана со луѓето кои не се тука, со луѓето на кои не им е дозволен влезот.

9. Знам дека светот е во модринки и дека крвари, и иако е важно да не се игнорира неговата болка, важно е да му се одолее на злото. Како и секој неуспех, хаосот содржи информации кои можат да водат кон спознавање – дури и кон мудрост. Како уметноста.

10. Непријателите не се мажи. Непријателот е концепт на патријархот, концепт на патријархот како начин на кој се управува со светот или начин на кој се делува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот