Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија и Штип

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Најниска температура од – 1 степен утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе и Берово со нула степени, 1 Битола, Охрид, 2 Маврови Анови, Крушево, 3 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Претор, 4 Тетово, Дебар, 6 Демир Капија, Виница, Велес, 7 Дојран, Гевгелија и 9 степени во Штип.

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот