Најнезадоволни од живејачката се Бугарите, Србите и Турците, покажува истражувањето на Евростат, во кое Македонците не се опфатени

Фото: Screenshot/Diplomatie.belgium.be

Бугарите, Турците и Србите се најмалку, а Австријците, Швајцарците и Финците се назјадоволни од својот живот во целина, покажуваат податоците на Евростат, што преку мапа ги пренесува порталот „Ландгеист“.

На скалата од – до 10, повеќето земји од Европа имаат оценка 7 или повиска. Најнезадовлни од живеачката се граѓаните на Турција (5,6), на Бугарија (5,7) и на Србија (6,0). Под европскиот пресек се и Унагрците со оценка 6,5, Летонците со 6,7 и Хрватите, Грците и Французите со 6,8.

Од сите Европејци, Австријците се најзадоволни од својот живот. Тоа е единствената земја што има оценка 8,0, а веднаш зад неа се Финска и Швајцарија и двете со 7,9.

Северна Македонија не е опфатена со анализата на Евростат и „Ландгеист“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот