Најнеиновативен е секторот за научно истражување, а најиновативен е секторот маркетинг

Фото: Профимедиа

Иновативните деловни субјекти  учествуваат со 48.2  проценти во вкупниот број деловни субјекти во периодот 2018 – 2020 година, покажуваат податоците на Држваниот завод за статистика.

Од вкупниот број иновативни деловни субјекти, 14 проценти имаат воведено иновација на производ, 31,8 проценти иновација на процес, а 50,7 проценти имаат воведено иновација на производ и процес. Прекинати или откажани иновации имаат 3,5  проценти од вкупниот број иновативни деловни субјекти.

По сектори, најмногу иновации има во секторот Маркетинг (реклами и пропаганда) и истражување на пазарот (76,3 проценти), потоа во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (66,7  проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (61,1  процент), а најмал процент на иновации има во секторот Научно истражување и развој (17,6  проценти).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот