Најмногу дожд во Демир Капија, Скопје Петровец и Охрид

Пороен дожд фото МИА

Најмногу дожд до осум часот изутрина наврнал во Демир Капија каде се измерени 59 литри на метар квадратен како и во Скопје-Петровец – 54 литри и во Охрид 50 По нив, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи во изминатите 24 часа, следат Пожаране со 41,Прилеп со 37,  Битола и Штип со 33, Ѓуриште со 29, Тополчани и Крушево со 27, Крива Паланка со 26.  Во Тетово и Претор наврнале по 25 литри воден талог на метар квадратен, 24 во Куманово, 22 Дебар, 15 Дојран, 11 Виница, 10 Гевгелија, девет во Струмица и четири во Берово.

УХМР за денеска најавува претежно облачно време со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 литри на метар квадратен. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот