Најмалку 33 загинати во лавини во Турција

Денеска, околу пладне, втора лавина падна врз спасувачите, а властите соопштија дека од снегот на стрмната падина биле извлечени безживотните тела на најмалку 26 спасувачи.

Бројот на загинати во двете лавини во источниот дел на Турција се зголеми на 33 луѓе, јави Анадолија.

Околу 300 припадници на итната служба се повикани да интервенираат во близина на градот Бачесехир, кој е опкружен со планини, а се наоѓа во провинцијата Ван – во близина на границата со Иран. Тие биле повикани по лавината во која синоќа загинаа пет лица.

Денеска, околу пладне, втора лавина падна врз спасувачите, а властите соопштија дека од снегот на стрмната падина биле извлечени безживотните тела на најмалку 26 спасувачи.

Во лавините се повредени и 53 лица.

Гувернерот на провинцијата Ван, Мехмет Емин Билмез изјави дека меѓу загинатите има осуммина воени полицајци, тројца припадници на селска стража, тројца пожарникари и деветмина доброволци.

Билмез посочи дека тимот за итни случаи трага по колегите кои можеби се уште се затрупани под снегот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот