Берлускони, кој на 29 септември ќе наполни 84 години, на почетокот на овој месец објави дека е позитивен на Ковид-19, како и неговите деца Барбара (36) и Луиџи (31), но и неговата нова партнерка, 30 годишната Марта Фашина.
Поранешниот италијански премиер беше хоспитализиран како пациент со висок ризик поради возраста и претходните здравствени проблеми, вклучително и интервенција на отворено срце. Тогаш на Берлускони му беше дијагностицирана „инфекција на белите дробови во рана фаза”.