Најлесно ДОБИВААТ СЕКС мажите кои ги поседуваат овие 4 карактерни особини

Ако и вие сте маж чиј сексуален живот не е толку богат како што би сакале, судејќи според едно истражување, можеби проблемот е во вашите особини.

Истражувањето кое е спроведено на Технолошкиот Факултет во Квинсленд покажа дека мажите со одредени карактерни особини имаат повеќе секс од останатите.

Се покажа дека мажите кои се поотворени, емотивно стабилни, пријатни или совесни најлесно добиваат согласност за секс од жените, пренесува Mirror.

Истражувањето во кое учествувале 3.000 мажи и 1.500 жени кои дале податоци за својот сексуален живот покажа дека за мажите е важно каква особина имаат кога станува збор за тоа колку често имаат секс, додека кај жените тоа не е важно толку многу.

„Пронајдовме клучни разлики помеѓу мажите и жените кога станува збор за чести сексуални односи, но исто така и за бројот на потомци. Во споредба со жените, кај мажите постојат многу повеќе фактори кои влијаат на тоа дали ќе имаат секс, што ги објаснува големите варијации за тоа колку често имаат секс“, објасни докторот Стивен Вајт кој го водеше ова истражување.

Отвореноста била еднакво важен фактор кај мажите и жените, но се покажа дека кај мажите се важни и другите особини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот