Ilustracija / Фото: Pichara / Unsplash

„Најдолговечното семејство“ во светот: Заедно имаа над 800 години, а ова јадење го јадеа секој ден со векови

„Колку повеќе учам за долговечноста, толку повеќе сфаќам дека сè почнува со чинија вкусна, солена храна како минестроне.“

Во едно мало планинско село на Сардинија, една фамилија со години ги полнеше насловните страници поради неверојатната збирна возраст на нејзините членови повеќе од 800 години. Нивната тајна за долговечност не била во скапи лекови, генетска среќа или луксузен живот, туку во скромна чинија супа. Секој ден се собирале на ручек и го делеле истото јадење  изобилна супа од грав, позната како сардински минестроне, пренесува „Мирор“.

Денес, оваа супа се смета за еден од најздравите рецепти за долг живот во светот. Според организацијата „Сина зона“, која ги проучува навиките и исхраната на најдолговечните заедници, оваа супа со генерации се приготвува во фамилии кои редовно доживуваат повеќе од 100 години.

Може да се подготвува со сезонски зеленчук од градина, но секогаш содржи грав и фрегула, препечена тестенина од гриз со големина на каменче, популарна на Сардинија.

Авторот на бестселерот Ден Батнер, кој ги истражувал т.н. „сини зони“ на светот, изјавил:

„Колку повеќе учам за долговечноста, толку повеќе сфаќам дека сè почнува со чинија вкусна, солена храна, како минестроне“.

Батнер тврди дека многу „тајни за долг живот“ всушност се погрешни или преувеличени, додека вистинските се често едноставни и достапни за сите. Веќе со години секојдневно ја јаде токму оваа супа, откако открил дека тоа бил традиционалниот оброк на најстарата фамилија на светот, која живее токму на Сардинија.

Покрај тоа што е исклучително вкусна, минестроне супата е нутритивно избалансирано јадење,  богата е со растителни протеини, растителни влакна и антиоксиданси кои го зајакнуваат срцето, имунитетот и варењето. Истовремено, ја отсликува сардинската филозофија на живот, едноставен, бавен ритам, поврзан со природата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот