Најдобриот фудбалер во Бундеслигата од следната сезона во Челси?!

Кристофер Нкунку, фудбалер на германскиот клуб Лајпциг/фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Британските медиуми се повикуваат на информации на германски „Билд“ и тврдат дека во лондонскиот клуб ќе дојде најдобриот играч на Бундеслигата од минатата сезона, Кристофер Нкунку.

Челси уште во август испрати лекари во Франкфурт (Германија), а беа направени кардиолошки и ортопедски прегледи.

Нкунку постигна 35 гола и запиша 20 асистенции во сите натпреварувања за екипата на Лајпциг.

Неговиот клуб наводно нема намера да го продаде во зимскиот преоден рок, додека следното лето ќе биде активна откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.

Во тековната сезона, 24-годишниот фудбалер постигна шест гола со една асистенција на 11 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот