Нагелсман: Татко ми се самоуби без објаснување

Фото: EPA-EFE/BASTIAAN SLABBERS

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман во интервју за германскиот „Дер Шпигел“ зборуваше за непознати детали од неговиот живот.

Нагелсман сега за првпат во јавноста откри дека неговиот татко се самоубил кога тој имал сасмо 20 години.

„Се случува често да размислувам за тој ден. Татко ми не остави порака за самоубиство, немаше објаснување. Сепак, со начинот на кој си го одзема животот ни стави до знаење дека одлуката му била јасна. Ние како семејство никогаш не го прифативме тој момент, меѓутоа ми помогна да сфатам дека тој навистина сакал да умре, воопшто немало повик за помош или некаков сигнал. Мислам дека колку и да ни е тешко сите моравме да ја прифатиме неговата одлука“, раскажа Нагелсман.

Главната причина која го натерала на таков чин според Нагелсман е притисокот од работата. Неговиот татко работел во разузнавачка служба.

„Според мене му се собрало комбинација од оптеретување и општата состојба. Веројатно бил под голем притисок. Не смееше да зборува за својата работа на никого, често пати знаеше да каже дека му е преку глава од се. Беше многу храбра личност“, додаде германскиот селектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот