Нафтата во тренд на опаѓање, криптовалутите во благ пораст

Нафта / Фото: EPA-EFE/Henry Chirinos

Цените на нафтата утрово сè уште паѓаат. На лондонскиот пазар цената на нафтата е 110 долари по барел, што е намалување за околу 1 процент во однос на вчера. За околу 1 отсто падна и цената на нафтата на американскиот пазар во однос на вчера. Сегашната цена е 104 долари за барел.

Цените на нафтата во претходните две недели беа на рекордно ниво и изнесуваа 121 долар за барел.

Пазарот на криптовалути од утрово е во зелено. Биткоинот утрово вреди 20.536 долари, што е за 2 отсто повеќе од вчера. Во пораст се и другите криптовалути.

Од берзата на скапоцени метали, се забележува и пад на златото од околу 6,3 отсто па унца денеска се продава за 1830 долари. Среброто е во незначителен пад.

Што се однесува до валутите, еврото со мали флуктуации во однос на доларот успева да се задржи на соодносот 1 евро за 1,05 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот