Надал жестоко критикуван, откако стана тениски амбасадор на Саудиска Арабија

EPA-EFE/ZAIN MOHAMMED

Го критикуваат Надал затоа што станал тениски амбасадор на Саудиска Арабија, бидејќи наводно оваа земја преку вложувањата во спортот сака да го поправи сопствениот имиџ во однос на кршењето на човековите права

Рафаел Надал стана најновата спортска ѕвезда од висок профил што се користи за да се оттргне вниманието од ужасната состојба со кршењето на човековите права во Саудиска Арабија.

Поранешниот светски рекет број 1 Надал во понеделникот предизвика бурни реакции кога Саудиската тениска федерација објави дека тој ја презел улогата на тениски амбасадор.

– Тоа е голема можност да се развие спортот во земја која инвестира многу во спортот и охрабрување на помладите генерации да се занимаваат со тенис – се вели во изјавата.

Многу љубители на тенисот го изразија својот гнев бидејќи Саудиска Арабија е обвинета дека се обидува да го поправи лошиот глас во врска со почитувањето на човековита права преку инвестирање милиони во спортот.

Питер Франкентал, директорот за економски прашања на Амнести интернешенел вели дека Надал сега е дел од операцијата на перење на имиџот на оваа земја преку вложување во спортот.

– Како и со другите спортски ѕвезди кои земаат добро платени работни места во Саудиска Арабија, ние би го повикале Надал да проговори за досиејата за човекови права во Саудиска Арабија, давајќи важна порака за солидарност со затворените бранители на човековите права во таа земја – вели Франкентал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот