Надал се откажа од настап на мастерсот во Мајами

Рафаел Надал во 2002 година нема пораз на официјалите настапи/ фото: EPA-EFE/David Guzman

Победникот на првиот годинешен гренд слем турнир Австралија Опен, Рафаел Надал го откажа настапот на турнирот од мастерс серијата 1000 во Мајами.

Причина за откажување на настапот во Мајами не е  повреда туку преголемиот број одиграни натпревари на Надал годинава.

Интересно е што Надал иако има 36 титули освоени на мастерс турнирите и првиот настап во Мајами го имаше 2004 година, Шпанецот нема ниту еден триумф на мастерсот што се игра на Флорида.
Организаторот објави дека неговото место ќе го зазеде австралискиот тенисер Џон Милман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот