Надал проговори за дисквалификацијата на Ѓоковиќ: Жал ми е за Новак

epa08667924 Spanish player Rafael Nadal during a practise session at the Italian Open in Rome, Italy, 14 September 2020. EPA-EFE/Clive Brunskill / POOL

Шпанскиот тенисер пред стартот на Мастерсот во Рим за прв пат ги коментираше случувањата на УС Опен кога Новак Ѓоковиќ заработи дисквалификација поради удирање линиски судија со топче.

– Навистина ми е жал за него. Му се укажа одлична можност да дојде до уште една грен слем титула. Знаеме дека такви работи не треба да се прават, но несреќни работи едноставно се случуваат – изјави Надал.

Надал поради безбедносни причини ги прескокна турнирите во САД, Мастерс Синсинати и УС Опен и остана во Шпанија да се подготвува за турнирите за земја. Токму Мастерсот во Рим ќе биде прв турнир на кој Надал ќе настапи по пауза од седум месеци која беше предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Потоа ќе настапи на Ролан Гарос каде исто како и во Рим, ќе ја брани титулата. Прв противник во Рим ќе му биде полуфиналистот од УС Опен, Пабло Карењо-Буста.
– Се чувствувам одлично, но постои доза на нервоза бидејќи долго време не се натпреварував. Карењо во Европа доаѓа по одлично одиграниот турнир во Њујорк, но сигурно е дека нема да му биде лесно да се адаптира на земјениот терен. Очекувам тежок дуел – рече Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот