Над еден милион луѓе погодени од поплавите во Источна Африка

Повеќе од еден милион луѓе во источниот дел на Африка се погодени од поплавите предизвикани од обилните дождови, соопшти Меѓународниот комитет за спас, ИРЦ.

Делови од Источна Африка се справуваат со тропската бура Киар, која би можела да ја влоши и онака тешката хуманитарна ситуација.

ИРЦ наведе дека голем број на луѓе се уште се справуваат со последиците од претходниот сушен период.

Во поплавите во Сомалија загинаа неколку лица, раселени се над 180.000 луѓе, а уништени се и посевите, соопшти хуманитарната група Акција против гладот.

Во следните четири до шест недели се очекуваат дождови во делови од Сомалија, Јужен Судан и Кенија.

Експертите истакнаа дека поплавите се загрижувачки знак дека климатските промени влијаат на ранливите заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот