Над 13 илјади заразени во еден ден во Франција, во Париз заразата се шири најбрзо

Франција денеска објави 13.215 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа. Тоа е нов дневен рекорд, пренесе Ројтерс.

Покрај тоа, 123 лица починале од ковид-19, со што бројот на починати од коронавирус достигна 31.249.

Туристи со заштитни маски во посета на Франција/ Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Како што расте бројот на новоинфицирани, повеќето региони и градови во Франција имаат засилени ограничувачки мерки. Ница објави дека ќе забрани јавни собири на повеќе од 10 лица и ќе го ограничи работењето на локалите. Слични мерки во понеделникот веќе беа воведени во Марсеј и Бордо.

И Париз, каде заразата се шири најбрзо, забрани јавни собири на повеќе од десет лица. Властите испратија препорака да не се одржуваат приватни собири на повеќе од десет лица.

Прочитајте и...  Ампева од „Гласен текстилец“: Каде се парите од субвенциите кои ги зедоа фирмите, а не им ги дадоа на вработените?

Поврзани вести

Двајца починати и 166 новозаразени од ковид-19 на Косово

Слободен печат

Две жени од Виница и Берово починаа на штипското Инфективно одделение

МИА Агенција

ВМРО-ДПМНЕ испрати телеграма со сочувство до семејството на Амди Бајрам

Слободен печат

Конференција за масовен и алтернативен туризам на Шар Планина

Слободен печат

Шпански региони бараат Владата да воведе вонредна состојба

Слободен печат

Црни рекорди во регионот: Бугарија, Србија и БиХ со најмногу заразени, Словенија и со починати од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар