На Вертонген му истекува договорот, опции се Шпанија и Италија!?

фото: твитер

– Сакам да потпишам со вистинскиот клуб. Сакам да играм во Европа, бидејќи националната репрезентација е многу важна за мене – вели Белгиецот.

Јан Вертонген има договор до 30 јуни годинава со Тотенхем и се поставува прашањето дали ќе остане во клубот или пак ќе се пресели во друга екипа.

Се шпекулира дека кариерата би можел да ја продолжи кариерата во Италија или Шпанија, моментно едни од најпогодените земји од коронавирусот поради кој моментно се прекинати скоро сите спортски натпреварувања.

Дефанзивецот полни 33 години во петок и досега нема никакви најави за продолжување на соработката со Тотенхем.

Сакам да потпишам со вистинскиот клуб. Би можел да биде Тотенхем, или некој друг клуб. Мора да биде амбициозен клуб. Сакам да играм во Европа, бидејќи националната репрезентација е многу важна за мене. Желбата е да настапувам на меѓународната сцена и научам друг јазик – рече Вертонген во интервјуто за белгискиот Јутјуб канал „Плеј Спортс Кот“.

Според информациите, Белгиецот сака да замине во тим од Италија или Шпанија.

Можеби звучи чудно, но по кризата предизвикана од коронавирусот ќе има поголем интерес за мене. Бидејќи сум слободен агент и некои клубови може да немаат многу пари – додаде Вертонген.

Се поврзува со трансфер во Интер, Рома и Наполи на нашиот Елиф Елмас, а во Шпанија има понуди од

Претходно беше објавена листата на најзвучни имиња кои имаат договори до 30 јуни годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот