На улицата 100 во Волково се гради атмосферска канализација

Фото: Град Скопје

Град Скопје почна да изведува нова атмосферска канализација по должина на улицата 100 во Волково, на потегот од кружниот тек со улица 101 до преминот на пругата, во вкупна должина од 1650 метри.

Со овој проект се разрешува долгогодишниот проблем со кои се соочуваа жителите на ова населено место во општина Ѓорче Петров, каде по обилни дождови, доаѓаше до преоптоварување и излевање на фекални води. Дополнително, со изградба на атмосферската канализација се создаваат услови за идно приклучување на останатите линии во овој реон на новата атмосферска мрежа, со што дополнително ќе се подобри функционалноста на канализациониот систем – информира градоначалничката Данела Арсовска, која денеска изврши увид во градежните активности заедно со тимови од Секторот за уредување и планирање на Град Скопје и од ЈП „Водовод и канализација“.

Според Арсовска. преку инвестициите во комуналната инфраструктура се надминуваат предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со години и се потврдува програмската определба на Град Скопје за рамномерно развивање, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, особено проекти кои биле потребни, а не биле реализирани со децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот